ПСЖ повторно играше „топло-ладно“ во лигашкиот дел од ЛШ и преку 1/16 финалето успеа да се најде во новата нокаут фаза од елитното европско натпреварување.
Ждрепката сакаше европскиот првак за ривал во осминафиналето да го добие премиерлигашот Челси, а тренерот Луис Енрике јасно стави до знаење дека очекува неговите избраници да одиграат слично на ланската сезона, кога со низа импресивни настапи во нокаут-фазата на крајот се искачија на врвот на фудбалски Европа.
„Ќе играме со Челси, тимот од кого го загубивме финалето од клупскиот мундијал, но не чувствуваме потреба за одмазда, ова е сосема поинакво натпреварување. Во секој случај ќе биде возбудливо, ќе играме со ривал од Премиер-лигата кој сака офанзивен фудбал. Страв? Не гледам зошто би стравувале, ние сме актуелните европски шампиони, другите треба да се плашат од нас. Секако дека повторно ја посакуваме титулата, свесен сум дека не играме онака како што знаеме во последно време, но има време да влеземе во својот ритам за клучниот дел од сезоната“, оптимист е шпанскиот стратег на клупата на ПСЖ.
Во случај на победа над Челси, тимот на ПСЖ за ривал во четвртфиналето ќе го има подобриот од двомечот меѓу Ливерпул и Галатасарај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

