Енрике: Ниту еден играч не е поголем од ПСЖ

Бурно беше во таборот на ПСЖ изминатиот викенд, откако по изненадувачкиот пораз од Рен најдобриот фудбалер Усман Дембеле јавно ги обвини соиграчите за преголема себичност на теренто.

Според крилниот офанзивец, фудбалерите сезонава се почесто размислуваат за себе наместо за тимот, што се одразува на резултатите, па ПСЖ повторно падна од врвот на табелата и сега е второпласиран зад екипата на Ленс.

„Сите сме дел од овој клуб, сите заедно стигнавме до врвот и мислам дека на сите треба да им биде јасно – ниту еден фудбалер не е поголем од ПСЖ. Мораме да продолжиме да работиме напорно за да стигнеме до нивото на кое игравме лани. Нормално е кога сте во клуб како ПСЖ да сте во фокусот на јавност, особено кога резултатите не се како што посакувате, но мислам дека не игравме толку лошо против Рен, проблем беше само неефикасноста. Видовте ли какви шанси создадовме, четири пет стопроцентни ситуации. Би рекол дека ги имавме истите шанси како и против Олимпик, едниот меч го добивме со 5-0, другиот го загубивме со 3-1. Ефикасноста мора да биде на повисоко ниво, почнувајќи од следниот меч со Монако“, изјави тренерот Луис Енрике.

Се вчитува...