Петтото коло од групната фаза во Лигата на Шампионите ќе ни донесе и појасна слика за патниците во разигрувањето, поготово во „групата на смртта“ каде Борусија Дортлунд, ПСЖ, Милан и Њукасл Јунајтед се на три бода едни од други и сите имаат своја шанса да се најдат во нокаутот.
ПСЖ забележа пораз од Милан во претходното коло па нема право на грешка во средбата против Англичаните на „Паркот на Принцовите“. Пред средбата за медиумите говореше тренерот Луис Енрике кој беше запрашан за тактиката, на што имаше интересен одговор.
„Тактичките формации имаат смисла, но не постои ниту една екипа на светот кој игра 4-3-3, 3-5-2 или 3-4-3 бидејќи шемата постојано се менува во зависност од тоа каде е топката и ситуацијата во играта. Кога имаме топка играме во формација 4-3-3, а кога ќе дојдеме до фаза на напад мора да играме 3-4-3. Но кога сме во завршна фаза тогаш е различно. Ја менуваме формацијата во зависност од фазата на игра.
Без топка е исто. Формацијата може да биде 4-3-3, 3-5-2 или 3-4-3 во зависност од тоа како игра противникот“, вели Енрике.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА