Енрике објасни зошто го избришал Рамос: „Одлуката не беше лесна…“

Фудбалска Европа беше изненаден од одлуката на селекторот Луис Енрике да го избрише Серхио Рамос од списокот на фудбалери за ЕВРО 2020.

Зачудувачки нема место за играчот со најголем број настапи во дресот на Шпанија…

„Одлуката воопшто не беше лесна, но Рамос поради проблеми со повредите нема континуитет од јануари па затоа морав да одлучам да го одберам најдоброто за тимот. Синоќа му ја образложив одлуката, и мора да кажам дека навистина ме боли многу што морав да го изоставам, се работи за фудбалер кој секогаш го оставал срцето на терен. Му нагласив дека сакам и да се фокусира целосно на тоа да се опорави од повредата и да продолжи да игра на највисоко ниво за клубот и репрезентацијата“ – изјави Енрике на прес-конференцијата по соопштувањето на списокот, притоа дополнувајќи дека повикот за поранешниот младински репрезентативец на Франција, Лапорт, кој сега одлучи да игра за Шпанија, воопшто нема врска со изоставањето на Рамос.

„Не сакам бришењето на Рамос да го поврзете со повикот за Лапорт. Оставена е можност и Рамос дополнително да се повика пред почетокот на Европското првенство, но неговото опоравување нема да биде така брзо“ – дополни Енрике.

Се вчитува...