Енрике: Ова е некоја нова и модерна Италија… Очекувам интересен меч во кој ќе одлучат нијанси

Шпанија во „европскиот класик“ ќе се сретне вечерва против Италија во првиот полуфинален двомеч на Европското првенство. Селекторот на Шпанија, Луис Енрике вели дека очекува интересен натпревар во кој на крајот ќе одлучат нијанси.

„Не верувам дека било која од двете репрезентации ќе доминира затоа ќе биде интересно да се види на која страна ќе отиде мечот. Тие напаѓаат и се бранат заедно нешто слично што правиме и ние. Играат висок пресинг што е навистина тешко да се замисли Италија да игра таков фудбал. Тие се силни буквално на секоја позиција и затоа ќе биде тежок натпревар. Двете репрезентации ќе имаат свои шанси, прашање е само која ќе ги искористи“, изјави Енрике. 

Натпреварот меѓу Италија и Шпанија ќе се игра вечерва на „Вембли“ во Лондон со почеток во 21 часот.

Се вчитува...