Енрике првото полувреме го гледаше од трибини: Беше величествено…

ПСЖ лесно и убедливо славеше над Аталанта со 4-0 триумфално стартувајќи ја одбраната на европската титула, а тренерот Луис Енрике имаше причина да биде задоволен од изданието на својата екипа.

Шпанскиот стратег во првото полувреме не се наоѓаше на клупата за резерви откако реши мечот да го следи од ложата на „Паркот на принцовите“, нешто што планира да го прави и во иднина.

„Имам видено како рагби-тренерите гледаат средби од поинаква перспектива и се решив и јас да се обидам. Гледав на тоа како на можност да ја унапредам играта и да бидам искрен – беше величествено. Се е поразлично отколку кога седам на клупата, бидејќи можам да видам буквално се. Потоа и говорот во соблекувална на паузата е сосема поинаков, бидејќи точно знам кој одиграл како што сум побарал и што конкретно треба да се корегира. Дефинитивно, ова беше интересна опција што ќе ја користам и во иднина. На домашните ннатпревари, секако“, истакна Енрике.

Се вчитува...