Енрике: ПСЖ е подобар без Мбапе

Препукувањата помеѓу ПСЖ и неговиот поранешен член Килијан Мбапе, продолжуваат. Тренерот на францускиот тим, Луис Енрике со последната изјава се обиде да го омаловажи сегашниот фудбалер на Реал Мадрид.

Шпанецот лани го тренираше Французинот цела сезона, но по крајот на шампионатот се одлучи да замине во Мадрид.

„Ние сме подобар тим без него“, рече Енрике.

„Се уште мислам дека сме подобри во двете фази по заминувањето на Мбапе, тоа го покажуваат статистичките бројки. Играчите го сфатија тоа како предизвик, и сакаат да докажат дека можат без него. Се разбира, сите сакавме да го задржиме, но тимот одговори совршено. Јас и претходно реков, не сакам еден играч да постигне 40 голови, туку повеќе би сакал кога неколку играчи да постигнуваат голови“, изјави тренерот на ПСЖ.

Се вчитува...