Фудбалерите на Пари Сен Жермен и Интер вечерва ќе се сретнат во Минхен во финалниот натпревар од Лигата на шампионите.
Во Баварија, ПСЖ се бори за првиот трофејевропски првак, додека Интер досега три пати го креваше пехарот наменет за освојувачот на Лигата на шампионите.
Tренерот на „светците“, Луис Енрике вели дека тој и неговите фудбалери сакаат да бидат запишани во историјата на францускиот фудбал.
„Моја најголема мотивација е да останеме запишани во историјата на Париз, во историјата на францускиот фудбал. Сакам да донесеме радост на еден град, на една земја, да бидеме првите кои го прават тоа. Се чувствувам среќен што седам пред вас. Ќе го дадеме максимумот“, изјави Енрике.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

