Енрике: Среќен сум за изданието на тимот, и не сум загрижен за поразот

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике го коментираше поразот на неговиот тим од Ница со 2-3 на домашен терен. Поразот беше прв за францускиот првак во шампионатот.

Енрике му честиташе на противникот за победата, и кажа дека ПСЖ мора да работи повеќе за да има подобри резултати во иднина.

„Беше многу тешка. Ница против нас одигра во одлично издание и останува непоразен сезонава. Се обидовме да притиснеме високо, но противникот беше добар. Можеме само да му честитаме и да продолжиме да работиме на себе. Среќен сум од изданието на тимот. Дадовме се од себе, и не, не сум загрижен“, рече Енрике.

Се вчитува...