Енрике: Телефонот ми е преполн со пораки од навивачи на Барса

Луис Енрике има причина да биде горд на себе откако успеа да состави моќна машинерија во ПСЖ која во последните неколку месеци меле се пред себе не само на француската, туку и на европската и светската фудбалска сцена.

Последната демонстрација на моќта беше мечот за паметење против Реал Мадрид, во кој „светците“ го понижија шпанскиот гигант со 4-0.

„Фантастично чувство… многу е тешко да се игра во вакви услови, беше навистина претопло… двата тима дадоа се од себе, но ние сме во посебен моментум, одигравме одличен меч и заслужено победивме. Дојдовме овде по трофејот, а пред нас е последниот чекор – финален меч против тим како Челси, кој одигра добро во досегашниот дел од натпреварување. Сакаме да се опоравиме, да собереме сили за да испишеме нови страници во историјата, а потоа сите да заминеме на заслужен одмор“, истакна Енрике.

Како поранешен тренер на Барселона, секогаш е добро чувството кога така убедливо ќе се победи големиот Реал Мадрид.

„Телефонот не престанува да титка, преполн е со пораки од навивачи на Барселона кои ми честитаат на големата победа. Реал Мадрид беше и секогаш ќе биде голем клуб. Ние во нииту еден момент не се штедевме, одигравме одлични 90 минути иако бев принуден да менувам бидејќи на некои играчи им беше потребен одмор, постоеше ризик од екстремен замор што ќе доведеше до повреда“, додаде стратегот на ПСЖ.

Се вчитува...