Тренерот на Барселона ја превзеде врз себе одговорноста за очајното издание на каталонскиот гигант и убедливиот пораз на гостувањето на „Паркот на принцовите“.
„Нема што многу да се говори, ривалот беше супериорен. ПСЖ беше подобар и во играта без топка, но и кога ја имаше топката во свој посед. Резултатот јасно покажува што се случуваше на теренот. Ова беше катастрофална ноќ за нас, вината ја гледам кај себе. Одговорноста е моја, бидејќи играчите се истите оние кои пред неколку дена му дадоа шест гола на Алавес“ – истакна Енрике.
Тој во второто полувреме ја промени и формацијата на игра, но ниту тоа не помогна Меси и останатите каталонски ѕвезди да влезат во посакуваниот ритам.
„Од 4-3-3 се обидовме со 4-2-3-1, се со цел Меси повеќе да учествува во нашите акции. Сепак, ништо не вроди со плод, крајниот резултат беше идентичен како и во првото полувреме. Јас ја сносам одговорноста, се што можам да побарам од вас новинарите е вака аналитички да ме прашувате и при победите, а не само при поразите“ – порача нервозно тренерот на Барса.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА