Тренерот на ПСЖ Луис Енрике, изјавидека е задоволен од ангажманот на фудбалери во летниот преоден рок и сега е фокусиран да го извлече најдоброто од играчите на својот тим.
Францускиот првак се раздели од Мбапе, а потпиша со Невес, Дуе, Пачо и голманот Сафонов.
„Сакавме да ангажираме одредени играчи, но нивните цени беа многу високи. Задоволен сум од нивото на играчите кои ги имам, и сега треба да го развиеме нивниот потенцијал“, рече Енрике и додаде:
„Имаме многу играчи кои се вклопуваат во нашите планови. Пачо, Дуе и Невес може да играат на различни позиции. Имаме многу опции“, изјави Шпанецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА