Луис Енрике очигледно не можеше да ги контролира негативните емоции и темпераментот по убедливиот пораз од ПСЖ во Лигата на шампионите.
Целата своја лутина, веднаш по натпреварот, очигледно ја насочи кон новинарот на ТВ 3 со кого се впушти во вербален судир уште за време на изјавата пред ТВ екраните…
„Ми се чини дека не си го гледал добро натпреварот кога ме прашуваш дали променивме нешто по првото полувреме. Ја променивме формацијата, а Меси играше подлабоко во нападот. Јас ја прифаќам вината за поразот и немој да бараш виновници кај другите. Немој тоа да те загрижува“ – му се обрати Енрике на новинарот и продолжи со уште пожесток тон.
„Но, кога ќе победиме повторно сакам и тогаш мене да ме сметаш за одговорен за победата. Сакам и кога победуваме вака да се однесуваш со мене. Овој тон со кој сега ми се обраќаш да го користиш и тогаш, а не само после порази“ – коментираше со жесток тон Енрике.
Luis Enrique novinar by goloviliga
Според пишувањето на „Марка“, по оваа изјава вербалниот судир на двајцата за малку ќе се претворел и во физичка пресметка. И двајцата си коментирале еден на друг по гасењето на камерите, а физичка пресметка во подтрибинскиот простор спречиле три лица од стручниот штаб на Барселона.
„Да точно е дека тој сакаше да се пресмета со мене. Му реков да не ме допира, му реков дека јас сум секогаш тука да поставувам прашања а тој е тука да одговара. Ако сака обратно нека ми ја даде неговата плата и привилегии и јас ќе бидам од другата страна, а тој нека повели да биде новинар“ – рече новинарот на Тв 3, Грау.
Но, Енрике нервозата ја пренел и во соблекувалната на Барселона. Вистински хаос владеел во соблекувалната на Каталонците, каде се погласно се шпекулира дека Луис Енрике веќе ја загубил довербата и веќе од сега се најавува негово заминување од клубот во јуни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА