Ентони Дејвис ќе се „бунтува“ против раководството на Далас

Далас Маверикс доживеа невиден крах на сезоната по трејдот на Лука Дончиќ во ЛА Лејкерс. Големата ѕвезда која пристигна од „градот на ангелите“, Ентони Дејвис заработи повреда уште во дебитантскиот натпревар по што следеа и серија ја повреди на клучни кошаркари со што во листата во „болницата“ се запишаа Кајри Ирвинг, Дерик Лајвли, Даниел Гафорд и Данте Егзум.

„Распарчениот“ Далас игра со минимум кошаркари на секој натпревар, во серија е од четири порази во низа со што шансите за место во плеј-инот се сведени на минимум, а доколку Маверикс се изборат за место во плеј-офот, со оглед на повредите овој тим не е конкурентен за шампионски поход.

Поради тоа камбек на повредените кошаркари оваа сезона е поголем ризик од наградата па раководството на Далас цели кон мирување и рехабилитација на ѕвездите до крајот на сезоната, но со тоа не се сложува Ентони Дејвис, откриват американски медиуми.

Дејвис неодамна се врати на тренинзите, но беше проследен во филијалата во Џи-лигата, Тексас Леџендс каде може да тренира „пет на пет“ и намерува да заигра во НБА лигата до крајот на сезоната. Тој е подготвен и да се „бунтува“ против раководството на тимот за да се најде на теренот, но и покрај тоа што неговата желба е за восхит, реалноста е друга.

Се вчитува...