Ентони Дејвис сепак нема да мора да оди на операција

Ѕвездата на Далас Маверикс, Ентони Дејвис, нема да има потреба од операција, но ќе биде надвор од терените речиси месец и половина.

32-годишниот центар ја повреди раката во поразот од Јута минатата недела кога се судри со Лаури Марканен. Првично се очекуваше да се подложи на операција за да се поправи проблемот на левата рака, но ESPN објави дека тоа нема да биде потребно. Десеткратниот Ол-стар играч сепак ќе биде надвор од теренот шест до осум недели.

Маверикс продолжија да преговараат за размена на Ентони Дејвис откако неколку клубови изразија интерес за него. Трансфер прозорецот во НБА се затвора на 5. февруари.

Оваа сезона, Дејвис имаше просек од 20,4 поени и 11,1 скока по натпревар.

Се вчитува...