Долго се договараше мечот меѓу Ентони Џошуа и Деонтај Вајлдер изминатиов период, но сите преговори пропаднаа па на крај Вајлдер заврши во ринг со Тајсон Фјури.
Сега, Џошуа повторно „фрла ракавица“ истакнувајќи дека датумот – 13. април 2019 е подготвен за нивна меѓусебна борба но се останува на Вајлдер.
„Вајлдер постојано зборува дека не сакам да се борам со него, но јас еве истакнувам дека сум подготвен и сакам борба веќе на 13. април во Лондон. Не знам што уште да направам за оваа порака да стигне до него“ – изјави Џошуа за ЕСПН, и дополни:
„За него е поинтересна борбата против Тајсон Фјури кој нема појаси… Еве јас го резервирав тој термин однапред и го чекам сега него, на 13. април на ‘Вембли’. Не сум заинтересиран за борба против Фјури затоа што тој не е шампион. Го има тој некој статус на линеален шампион за кој јас никогаш не сум слушнал. Знам за ВБЦ, ИБО, ИБФ, ВБА и ВБО појаси, и четири од нив ги имам во мои раце, а од каде излезе сега таа ‘линеална’ титула поим немам“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА