Ентони Џошуа повреден во страшна сообраќајка, двајца мртви..

Легендарниот боксер Ентони Џошуа заработи повреди при страшната сообраќајна несреќа во која животот го загубија две лица.

Несреќата се случи во Нигерија каде што Џошуа се наоѓаше со своите пријатели. Тој седел на задното седиште од возилотот „Лексус“ кое се судрило до камион на патот Лагос – Ибадан – Макун. Фотографиите од местото на настанот го покажуваат боксерот како седи на задното седиште од автомобилот по судирот, подоцна на Џошуа му била укажана и прва помош, но за среќа боксерот нема посериозни повреди.

Не е познато со кого се возел Џошуа во возилото, ако се знае дека лицата од неговото обезбедување биле во друг автомобил што возел веднаш зад „Лексусот“.

Неофицијално, починати се двете лица кои седеле напред во возилото при судирот со камионот.

Се вчитува...