Ентони Џошуа предводник на протест против расизмот (ФОТО)

Светскиот боксерски шампион во тешка категорија во верзиите на ВБА, ИБФ и на ВБО, Ентони Џошуа беше во првиот ред на протестите против расизмот во неговиот роден Вотфорд. Не го спречи ниту тоа што има протеза на една нога и што се движи со патерици. Тој беше дел од мирниот протест на кој излегоа илјадници луѓе и покрај рестриктивните мерки кои се на сила во Велика Британија поради коронавирусот. Протестот е поддршка за протестите против расистичкото однесување и полициската бруталност во САД и за движењто „Black Lives Matter “.

Од тимот на Џошуа објаснуваат дека не се работи за сериозна повреда тука дека протезата е само за сигурност откако тој малку се повредил на тренинг. Следен предизвик за Британецот е борбата со бугарскиот предизвикувач Кубрат Пулев. Џошуа во декември минатата година ги одбрани појасите во мечот со Енди Руиз. Ако се одбрани од Пулев ќе оди на борба со Тајсон Фјури во 2021 година.

 

Се вчитува...