Британскиот боксер Ентони Џошуа се подготвува за нјаголемиот предизвик во кариерата – големиот меч против Владимир Кличко, на 29 април на распродадениот Вембли, за титулата светски шампион по ИБФ, ИБО и ВБА верзија.
Боксерите, секој во својата база, напорно тренираат за лондонскиот спектакл. Џошуа во пресрет на мечот за медиумите ги отвори вратите на својата тренинг база. Британецот изгледа многу моќно и расположено пред големата пресметка со Кличко.
Првакот по ИБФ верзија демонстрираше разорни удари на боксерската вреќа и на фокусерите со помош на тренерот Боб Меккрекен.
Од друга страна, Владимир Кличко тренира далеку од очите на јавноста и без присуство на медиумите. Базата на Украинецот е на Алпите во Автстрија.
На Кличко ова ќе му биде прва борба од ноември 2015 година гоза загуби од Тајсон Фјури.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА