Американскиот кошаркар Ентони Едвардс потпиша максимален петгодишен договор со Минесота Тимбервулвс вреден 260 милиони долари, потврди неговиот агент Бил Дафи.
Новиот договор на Едвардс започнува во сезоната 2024/25. Тој беше еден од најдобрите играчи на Минесота минатата сезона, со просек од 24,6 поени, 5,8 скока, 4,4 асистенции и 1,6 украдени топки по натпревар.
Едвардс беше први пик на драфтот во 2020 година, а следниот месец ќе наполни 22 години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

