Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Ентони Еланга е на прагот да се пресели во Нотингем Форест, објавија денеска британските медиуми.
Младиот 21-годишен Швеѓанец минатата сезона одигра 16 натпревари во Премиерлигата за Јунајтед, а доби дозвола од клубот да преговара за промена на средината.
Се шпекулира дека Нотингем Форест договорил трансфер вреден околу 15 милиони фунти. Еланга моментално е на турнеја во САД со Јунајтед, но се очекува викендов да ги помине медицинските прегледи и да го официјализира договорот со Нотингем Форест.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

