Ентони може да стане уникат: Во исто време да ја освои Лигата на Европа и Лигата на Конференции

Крилниот играч на Бетис Ентони, може во исто време да биде освојувач и на Лигата на Европа и на Лигата на Конференции, што би е случило за првпат.

Фудбалерот на Бетис одигра четири меча за Манчестер Јунајтед во Лигата на Европа во првиот дел од сезоната, а потоа се пресели во Бетис. Ако Манчестер ја освои Лигата на Европа, тогаш ќе добие медал. Јунајтед е блиску до финалето, откако со 0-3 го совлада Атлетик Билбао на гостински терен во првото полуфинале.

Исто така со неговиот Бетис е блиску да се пласира во финалето на Лигата на Конференции откако со 2-1 ја совлада Фиорентина во првиот меч одигран во Шпанија.

Се вчитува...