Ентони: Немам проблем со Јокиќ, „Џокерот“ е еден од најдобрите кошаркари во историјата

Поранешната американска кошаркарска ѕвезда Кармело Ентони, кој интересно го носеше истиот број „15“ на гработ додека настапуваше за Денвер Нагетс имаше интересна изјава поврзана со Никола Јокиќ.

За разлика од Јокиќ кој е вистински херој на Денвер, Ентони е „озогласен“ бидејќи самиот издејствува трансфер од тимот и тоа во зенитот на кариерата, потег кој навивачите и раководството не му го простија и покрај осумте години поминати во клубот.

Ентони во повеќе наврати нагласуваше дека сака Денвер да го повлече бројот „15“ поради што се јавија гласини за „непријателски однос“ помеѓу Ентони и Јокиќ и обид на Американецот да го оспори достигнувањето на Србинот, но тоа не е случајот, вели легендарниот кошаркар.

„Тој нема ништо со тоа. Не можам да му се лутам на него, тој воопшто не беше ни дел од тимот во тоа време. „Џокерот“ е еден од најдобрите кошаркари во историјата. Никогаш не сум имал проблем со него. Луѓето погрешно ја претставуваат ситуацијата помеѓу мене и Денвер“, објасни Ентони.

Се вчитува...