За англискиот судија Ентони Тејлор, Европското првенство во Германија е завршено, пренесува италијанскиот медиум „Газета дело Спорт“ потпирајќи се на инсајдерски информации.
Тејлор се уште е топ тема на разговор во светот на фудбалот по оштетувањето на домаќинот Германија кога во второто продолжение од четвртфиналниот дуел против Шпанија не досуди пенал по очигледна игра на рака на Марк Кукуреља во шестнаесетникот.
Десетина илјади Германци се уште потпишуваат петиција за преигрување на средбата со Шпанија, нешто што нема да се случи, но јасно е дека појавуање на Тејлор во центарот од продолжението од турнирот нема да биде добар маркетинг за турнирот и организаторот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА