Енцо Фернандез: Не постојат никакви разговори со Реал Мадрид

Иднината на фудбалерот на Челси Енцо Фернандез станува поизвесна, откако самиот фудбалер призна дека нема никакви преговори со Реал Мадрид, за евентуално приклучување на овој клуб.

Во последните неколку недели одличниот Аргентинец се поврзуваше со трансфер на „Сантијаго Бернабеу“, но до тоа е малку веројатно дека ќе дојде. И покрај тоа што неговиот тим оваа сезона игра под очекувањата, и се претпоставува дека најдобрите играчи ќе си заминат особено ако тимот не обезбеди место во ЛШ.

„Остануваат уште неколку месеци до крајот на сезоната и максимално сум фокусиран кон финишот на првенството. Реал Мадрид? Вистината е дека нема ништо, нема никакви разговори. Максимално сум фокусиран кон Челси, а после Светското првенство ќе видиме“, изјави Фернандез.

Се вчитува...