Енцо Фернандез: Никому не му беше јасно зошто Мареска беше избркан од Челси

Играчот од средниот ред на Челзи, Енцо Фернандез, изјави дека играчите на тимот не го разбрале отпуштањето на Енцо Мареска. Италијанскиот менаџер беше отпуштен од лондонскиот клуб во јануари, а на негово место дојде Лиам Розениор.

Фернандез кажа дека сите биле изненадени од одлуката, особено што дошла сред сезоната, и тоа веднаш после освојување на титулата на светското клупско првенство.

„Ни јас не го разбрав тоа. Понекогаш има работи што ние како фудбалери не ги разбираме, и како клубот се обидува да ја управува ситуацијата. Секако, отказот од тренерот силно нè погоди бидејќи имавме свој идентитет. Тој секогаш имаше многу јасен модел на игра – и на тренинзите и на натпреварите, а неговото заминување беше голем удар за нас, особено на средина од сезоната“, рече Фернандез.

Се вчитува...