Тренерот на Челси, Енцо Мареска, е суспендиран на еден натпревар поради неговото однесување и исклучувањето на натпреварот против Ливерпул, соопшти дисциплинската комисија на Премиерлигата.
На 4. октомври, Челси го победи Ливерпул со 2-1, а победничкиот гол го постигна Естевао во 90+5 минута, по што Мареска го прослави голот на несоодветен и неспортски начин, за што доби и втор жолт картон.
Италијанскиот стручњак затоа нема да седи на клупата на „сините“ на саботното гостување кај Нотингем Форест во натпревар од осмото коло од Премиерлигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

