Енцо Мареска останува на „Стемфорд бриџ“

Челниците на Челси сакаат Енцо Мареска и следната сезона да биде менаџер на лондонскиот фудбалски клуб, објави Би-Би-Си.

Британските медиуми пренесуваат дека спортските директори на Челси, Лоренс Стјуарт и Пол Винстанли планираат Мареска да остане во лондонскиот клуб барем до јуни 2026 година, дури и ако сините не се квалификуваат за Лигата на шампионите следната сезона.

На две кола пред крајот на сезоната, Челси е на петтото место во табелата во Премиерлигата со 63 бодови.

Лондонскиот клуб до крајот на сезоната ќе игра против Манчестер Јунајтед и Нотингем Форест во англискиот шампионат. На 28. мај, Челси ќе игра во финалето на Конференциската лига против Бетис.

Се вчитува...