ЕП 2022: Французите ја демолираа Србија за радост на Хрватска

Вечерва се одиграа и последните натпревари од третото коло на ракометното ЕП од групите Е, Ф и Ц. Репрезентациите на Франција, Норвешка, Шведска и Хрватска го продолжуваат европскиот пат во главната фаза на овој турнир.

Шведска ја доби „битката“ против Чешка во групата Е, обезбедувајќи реми од 27-27 за пласман во вториот круг. По една тесна и жестока борба на теренот позициите на таблата станаа јасни, Шпанија и Шведска продолжуваат да го живеат европскиот сон. Во тимот на Шведска се истакна Хампус со пет голови, Томас Бабак ја предводеше Чешка со шест гола.

Норвешка триумфираше на ревијалниот натпревар против Латвија со 35-29, откако Русија со победа над Словачка ја реши претходно дилемата во групата Ф. Ракометарите на Норвешка со победа продолжуваат во вториот круг, а Латвија со пораз се прости од учеството на ЕП. Во таборот на победниците се издвои Сандер Сагосен со седум голови, кај поразените Аиденијас Маласинскас со осум гола.

Франција ја совлада Србија со 29-25, победа која донесе двојна среќа, како за „петлите“, така и за Хрватска. „Коцкестите“ ја победија Украина, но услов за нивен пласман во следната фаза беше Србија да биде поразена. Кентин Махе со шест гола ја предводеше Франција, Богдан Радивојевиќ со седум гола се истакна кај поразените.

Се вчитува...