Ракометната репрезентација на Норвешка со победа од 31-42 над Полска ја отвори втората фаза од континенталниот собир. По изедначениот почеток на натпреварот Норвежаните ги земаа работите во свои раце па со неколку серии стигнаа до предност од 15-21 на полувремето.
Добриот ритам на норвешката репрезентација продолжи и во второто полувреме во кое скандинавците стигнаа и до предност од 21-35, а опуштањето на крајот на средбата го искористија Полјаците да го ублажат поразот.
Данска пак го доби „северното дерби“ против Исланд со 28-24. Натпреварот започна во изедначен ритам, а клучна за победата на „црвено-белите“ беше серија од 5-1 при крајот на првото полувреме за позитива од 17-14 по 30. минути игра.
Добриот моментум на Данците продолжи и во второто полувреме во кое имаа целосна контрола на натпреварот, одолеаја на налетот на „гостите“ и се искачија на првото место на табелата заедно со Франција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА