ЕП 2022 стана циркус: Тренерот ќе облече дрес за да биде втор голман на Холандија

Коронавирусот продолжува да предизвикува хаос меѓу репрезентациите учеснички на ЕП2022. Речиси и да не постои селекција што не се соочи со отсуства на ракометари, а бројот на заразени се повеќе се зголемува како што одминува шампионатот.

Врвот беше достигнат денеска, откако Холандската Ракометна Федерација објави дека тренерот Џери Ајлерс ќе ја прекине пензијата и ќе се врати на терените, како резервен голман на „лалињата“ на денешниот дуел со Франција. Тој е поранешен голман на Магдебург, кој ја заврши кариерата во 2020 година, а од лани е тренер на голманите во холандскиот национален тим.

Утринското тестирање на „лалињата“ покажало нови позитивни случаи, оставајќи ја Холандија со само еден голман на располагање. Бидејќи нема ниту доволно време за дополнителен повик пред денешниот меч, стручниот штаб донел одлука Ајлерс да облече дрес и да ја има улогата на резервен голман, иако е тешко да се поверува дека тој ќе влезе во игра против една од најсилните репрезентации во светот.

Се вчитува...