ЕП 2024 ни го подари новиот креатор-лидер: МАРКО МИТЕВ го привлече вниманието и на Европа (ВИДЕО)

ЕКИПА во Берлин, Германија

Стеван Цаневски

Европското првенство 2024 во Германија ако нешто подари за иднината на македонскиот репрезентативен ракомет тоа дефинитивно е Марко Митев.

Младиот 20-годишен ракометар на Алкалоид, е најсветлата индивидуална ѕвезда на националниот состав која блесна на шампионатот во Германија. Константноста, креативноста, ракометната умешност и талент кои ги демонстрираше на дуелите и против моќните Франција и Германија во првите два натпревари на првенството, Митев само ги заокружи и на денешниот дуел против Швајцарија покажувајќи дека Македонија дефинитивно доби нов лидер-креатор на играта на кој во иднина и тоа како ќе може да се темели националнот состав.

Со пет постигнати гола, и уште толку клучни асистенции, беше предводник во нападот до триумфот против Швајцарците, на најдобар можен начин комплетно привлекувајќи го вниманието, не само на македонската, но и на европската ракометна јавност.

Еден од неговите проектили од девет метри од денешниот дуел со Швајцарија го привлече вниманието и на ЕХФ ТВ…

Се вчитува...