ЕП 2024: Црногорките доминираа против Србија, Хрватска без шанси со Данска

Црна Гора неочекувано лесно и убедливо триумфираше со 24-18 во балканската пресметка на ЕП 2024 против соседот Србија, на првиот меч од овој европски шампионат. Дуелот почна со израмнета игра и неверојатни 1-1 во 10. минута, но Црногорките први влегоа во ритам и по 20 минути веќе водеа со 7-3, најмногу благодарение на Армел Атингре, извонредната голманка од Брегот на Слоновата Коска која е натурализирана за црногорскиот национален тим. На одмор се замина со водство на Црна Гора од 11-8, а победникот беше решен на почетокот од вториот дел што Црногорките го отворија со серија од 3-0, стигнувајќи до убедлива предност што ја задржаа до самиот крај.

Најдобра во таборот на Црна Гора беше Јауковиќ со 11 гола од 14 ободи, додека прв стрелецна Србија беше Јована Јововиќ со седум погодоци.

Хрватска немаше никакви шанси за сензација против Данска, откако скандинавската селекција лесно ја оправда фаворитската улога славејќи со 34-26. На одмор се замина со 14-11 за Данска, скандинавките потоа брзо во вториот дел стигнаа и до „плус шест“, предност што на крајот ја зголемија на конечните осум гола.

Михаела Мелер беше најефикасна со седум гола кај Данска, а најдобра на теренот беше данската голманка Ана Кристенсен со фантастични 19 интервенции.

Во третиот меч од вечерашната програма Германија ја декласираше Украина со 30-17, полувреме 15-9.

Се вчитува...