ЕП атлетика: Британска доминација на спринтерските трки

Со најдобро време сезонава и со британски национален рекорд, Дина Ашер – Смит стана европска шампионка на најкусата спринтерска делница, 100 метри. Таа забележа време од 10.85 секунди и е првата Британка со европски триумф на 100 метри по Дороти Химан која славеше во далечната 1962 година.

Германката Џина Ликенкемпер со 13 стотинки задоцнување го освои среброто поставувајќи нов европски рекорд за атлетичарки до 23 години. Поранешната светска шампионка на 200 метри, Холанѓанката Дафне Шиперс го освои бронзениот медал.

Во машка конкуренција, на трката на 100 метри битката за златото беше меѓу двајца британски атлетичари. Славеше Зарнел Хјус кој имаше време од 9.95 секунди. Неговиот сонародник, Рис Прескот имаше само една стотинка послаб резултат и го освои сребрениот медал. Турскиот атлетичар Јак Али Харви ја освои бронзата.

 

 

Се вчитува...