Најдобриот македонски атлетичар, Дарио Ивановски, заврши претпоследен во квалификациите на 1.500 метри на Европското првенство во Берлин. Тој во првата квалификациска сесија беше подобар само од еден конкурент и постигна резултат од 3.57.52 минути, кој е далеку послаб од неговото најдобро време на оваа делница. Ивановски истрча 3.47.13 минути на Медитеранските игри во Тарагона во јуни.
Во полуфиналето се пласираа тројцата најдобри во трите квалификациски групи и уште тројца атлетичари со најдобри резултати.
За македонската атлетика завршуваат настапите на овој континентален собир. Вчера, Дрита Ислами беше последна во квалификациите на 400 метри со пречки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА