Македонската одбојкарска репрезентација дебитантскиот настап на Европското првенство ќе го отвори со дуел против Финска на првиот ден од шампионатот, 12 септември, ден потоа ќе се сретне со Турција, а на 14. септември ќе се соочи со бранителот на европскиот трон, Русија.
По денот за пауза, македонските одбојкари ќе имаат пресмeтка со Белорусија, а групниот сегмент ќе го затворат со дуел против домаќинот Словенија.
Европската одбојкарска конфедерација го објави распоредот за натпреварите, сатниците ќе бидат дополнително одредени.
Најдобрите македoнски одбојкари на ждрепката за прелиминарната фаза ја добија „словенечката група“ чии натпревари ќе бидат играни во Љубљана во „Стожице“.
Шампионотот е од 12. до 29. септември. Македонските одбојкари ќе се борат за пласман на една од четирите најдобри позиции во групата со што би обезбедиле место во осминафиналето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА