Женската репрезентација на Македонија го доживеа и вториот пораз на Европското првенство до 18 години Б дивизија.
Откако во воведното коло од „црвено-жолтите“ девојки беше подобра Холандија, овојпат нашите дами загубија и од Исланд со 59-77.
Исланѓанките сите дилеми околу победникот ги решија уште во првото полувреме кое го добија со убедливи 31-45. До крајот го исконтролираа мечот за конечни 59-77.
Mилица Николиќ со 14 поени беше прво име во нашиот табор, додека кај победникот Агнес Јонудотир уфрли 15 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА