Репрезентацијата на Русија е првиот полуфиналист на Европското ракометно првнество откако ја продолжи победничката серија во втората групна фаза од контиенталниот собир победувајќи ја во втортата рунда селекцијата на Данска со 32-21.
Русинките беа доминантни во текот на целиот меч, на полувремето водеа со 14-9, а во вториот дел континуирано ја зголемуваа предноста се до конечните плус 11.
Русија е сигурна на врвот на табелата во групата 1 со максимални 8 бода и е недостижна за конкурентките во пресрет на завршната рунда од вториот групен сегент. Русинките сега го очекуваат противникот за петочното полуфинале.
На вториот денешен дуел од оваа група, во балканското дерби селекциите на Србија и на Црна Гора ќе се борат за одржување во живот на шансите за палсман во полуфиналето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

