Денеска во Љубљана се одиграа два натпревари на женското европско првенство во кое организатор е и Скопје. Словенечките ракометари ја совладаа Хрватска со 26-18, додека Данска беше подобра од Унгарија со 29-27.
Во натпреварот кој го судеа нашите Металари и Николовски, Словенките благодарение на одличното второ полувреме славеа триумф над „коцкастите“. По првиот дел беше 12-13 за Словенките. Грош со седум гола беше најефикасна на средбата.
Далеку понеизвесно беше на вториот меч меѓу Данска и Унгарија. Данска се стекна со предност од два разлика на полувремето, но Унгарките успеваа да се враќаат. Унгарија дуеи во финишот имаше неколку пати и водство од два разлика, но на крајот данските ракометари фатија ритам и со два брзи гола усепаја да слават триумф. Најефикасна беше Фрис со седум голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА