ЕП У-20: Македонија губеше, па се разбуди и убедливо ја совлада Бугарија

Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години, ја совлада Бугарија со 83-54 во третото коло во ЕП до 20 години Б дивизија. После првата четвртина во која Бугарите имаа предност, понатаму се беше во знакот на Македонија и целосна доминација, на крајот за победа од 29 поени разлика.

Во втората и третата четвртина Македонија ја направи разликата, и ги доби со 22 разлика. И последната четвртина припадна на Македонија, за сеопшта радост во салата „Кале“ на публиката.

Најефикасен кошаркар во нашиот национален тим беше Теодор Симиќ со 21 поен, додека Андреј Митревски реализираше 19.

Утре Македонија го игра последниот меч во групата со Р.Ирска од 18:30 часот.

Се вчитува...