Фудбалската репрезенација на Англија славеше над Германија со 2-0 во последниот натпревар од групната фаза на Европското првенство до 21 година.
Англичаните сите дилеми ги решија уште во првото полувреме. Арчер во 4. минута донесе водство од 1-0 за „трите лава“, додека конечните 2-0 беа дело на Елиот во 21. минута.
Друштво од овој сегмент на Англија во четвртфиналето ќе и прави Израел кој славеше над Чешка со 1-0. Стрелец на победничкиот погодок за Израелците беше Ганделман во 82. минута.
England [2] – 0 Germany – Harvey Elliott – 21' (U21 Euro Championship)
byu/apafeparis15aa insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

