Машката репрезентација на Шпанија ја освои шампионската титула на Европското првенство во ракомет на песок што се одржа во Загреб. Во женска конкуренција прв пат на шампионатите во ракомет на песок, триумфира селекцијата на Норвешка.
Во машкото финале, Шпанија беше поуспешна од Русија. Домаќинот Хрватска, не успеа да ја одбрани шампионската титула и на ова првенство на домашен терен мораше да се задоволи само со „бронза“. Во мечот за третото место, Хрватите славеа против Унгарија.
На женскиот дел од турнирот, Норвешка во финалето беше поуспешна од Полска, а во мечот за бронзениот медал репрезентацијата на Шпанија ја победи Данска.
Во изборот на најдобрите поединци, МВП наградата му припадна на Унгарецот Андраш Џон, Русинот Антон Заболотскиј беше прогласен за најдобар голман на шампионатот, а наградата за фер-плеј ја освои репрезентацијата на Германија.
Во женска конкуренција, МВП на првенството е Норвежанката Марен Ардал, за најдобар голман е прогласена Сандра Митет од Данска, а награда за фер-плеј ја доби репрезентацијата на Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА