Епидемија на турнир во Мексико: Тројца фаворити предадоа поради здравствени проблеми

Тенискиот свет е шокиран од масовната елиминација на носителите на турнирот во Акапулко. Саша Зверев, Бен Шелтон и Френсис Тиафо доживеаја порази на теренот, додека останатите тројца носители го завршија натпреварувањето со предавање.

Холгер Руне издржа само три гема, додека Каспер Руд и Томи Пол решија да се повлечат пред осминафиналето и сето тоа поради труење со храна.

„Жал ми е што морам да се повлечам. Се надевав дека ќе го победам стомачниот вирус кој се појави вчера, дадов се што можев да играм, до последен момент. Се надевам дека ќе се вратам посилен за неколку дена“, изјави Руд.

По него се огласи и Руне.

„Лут сум и тажен во исто време. Имав труење со храна, не можев да играм. Едно од моите омилени места е Мексико, го сакам овој турнир. Апсолутно не сакав да заврши вака“, напиша Руне.

Се вчитува...