Анадолу Ефес е вториот учесник на фајналфор турнирот од Евролигата што ќе се одржи во Келн откако турскиот првак славеше на мајсторката против Реал Мадрид (88-83), за конечни 3-2 во оваа супердраматична четвртфинална серија. „Кралевите“ со две извонредни домашни средби се вратија за 2-2 изборувајќи се за мајсторка, вечерва играа егал меч буквално до последната минута, но тогаш Ефес успеа да го скрши нивниот отпор и да стигне до победата.
Првото полувреме донесе тактичко надмудрување, зонската одбрана на Реал вроди со плод, Ларкин и Бобуа беа останати без ниту еден поен, па „кралевите“ заминаа на одмор со предност од пет поени. Ефес „експлодираше“ во првите пет минути од третата четвртина, кои турскиот гигант ги одигра беспрекорно, стигнувајќи и до 12 поени предност. Реал се врати, а по серијата прецизни тројки „кралевите“ во неколку ситуации имаа и минимална предност во самиот финиш. Како клучна се покажа тројката од девет метри што ја постигна Симон на триесетина секунди до крајот за водство од 83-80, што Ефес го претвори и во конечен триумф и пласман на Ф4 турнирот.
Крис Синглтон беше најдобар поединец на овој натпревар постигнувајќи 26 поени, Мициќ реализираше 18, а Симон 17 поени за Анадолу Ефес. Лапровитола со 17 поени беше најефикасен во составот на Реал Мадрид, кој и покрај извонредното издание сепак не успеа да стигне до пресврт во оваа четвртфинална серија.
Krunoslav Simon with what could be the three-pointer that sends Anadolu Efes to the Final Four ? pic.twitter.com/yYcUTrQWUE
— Dionysis Aravantinos (@AravantinosDA) May 4, 2021
Анадолу Ефес за ривал во полуфиналето од Ф4 турнирот во Келн ќе го има бранителот на трофејот, рускиот гигант
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА