Британскиот боксер Ентони Џошуа се огласи дека во декември ќе биде подготвен за уште една спектакуларна борба, а тоа овојпат ќе биде против сонародникот Тајсон Фјури, кој претходно го предизвика за „Епска битка за Британија“.
Фјури го освои ВБЦ-појасот во тешка категорија, по што замина во пензија, но подготвен е да се врати во рингот за да се бори против Џошуа.
„Џошуа, знам дека неодамна изгуби од Усик и немаш планови. Сакам да ти подготвам борба со мене во следните месеци. Битка за Британија и ВБЦ-појасот. Ако си заинтересиран, јави ми се“, напиша Фјури.
Веднаш потоа пристигна одговор од Џошуа, кој сака да се бори со Фјури.
„Да, само мирно. Не ми треба онлајн дискусија само поради влијание. Ако навистина сакаш да се бориме, ќе бидам подготвен во декември“, кажа Џошуа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА