Епска боксеркса борба – Фјури два пати беше во „нокдаун“, па на крајот го нокаутираше Вајлдер (ВИДЕО)

Британскиот боксер Тајсон Фјури ја одбрани титулата светски шампион во тешка категорија во ВБЦ, откако рано утрово со нокаут во 11. рунда го совлада Американецот, Дионте Вајлдер.

Фјури подобро ја отвори борбата и веќе во втората рунда Вајлдер беше на подот. Сепак, Американецот успеа некако да се врати и четвртта рунда можеби беше и пресудната во мечот. Фјури дури два пати беше во нокдаун, но некако успеа да се извлече.

Како одминуваше борбата Фјури беше се поубедлив. Во осмата рунда беше на чекор до победа, но Вајлдер повторно се извлече, но 11. рунда беше клучната. Вајлдер не можеше веќе да издржи, а Фјури ја одбрани титулата светски шампион во ВБЦ категоријата.

 

Се вчитува...