Шејн Ларкин го водеше Анадолу Ефес во убедлив триумф против германскиот Баерн Минхен со 104-75. Американскиот бек натпреварот го заврши со 49 поени што е нов рекорд во Евролигата. Претходно рекордот со по 41 поен го држеа Боби Браун, Каспарс Камбала, Карлтон Мајерс и Алфонсо Форд.
Ларкин натпреварот го заврши и со одлична реализација од игра (15/19), како и со 9/10 од слободни фрлања. Покрај Ларкин во победничкиот тим Санли уфрли 17 поени, а двоцифрени беа и Синглтон и Плајс со по 10 поени. Кај гостите единствен расположен беше Владимир Лучиќ со 18 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА