Кошаркарите на Денвер нагетс стигнаа до брејк и водство од 1-0 против Оклахома сити тандер во полуфиналето на Западната конференција, откако во трилер меч славеа на гостински терен со 119-121.
Херој во победата на Нагетс беше Арон Гордон кој постигна тројка во самиот финиш во натпреварот. Епска партија имаше Никола Јокиќ кој мечот го заврши со 42 поени, 22 скока и шест асистенции. Кај поразените Шеј Гилџс Александер постигна 33 поени.
До брејк стигна и Њујорк никс кој по продолженија славеше на гостувањето кај шампионот Бостон селтикс со 105-108. Брансон и Ануноби со по 29 поени беа најефикасни кај победникот, додека кај поразените Браун и Тејтум завршија со по 23 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

