Епски 60 поени на Дончиќ за влез во историјата, Тејтум и Браун комбинираа 77 поени

Името Лука Дончиќ со златни букви ќе биде запишано во историјата на НБА лигата по изминатата ноќ во која Словенецот го предводеше Далас со победа од 126-121 против Њујорк со епски 60 поени на кои додаде и 21 скок и 10 асистенции.

Тоа е прв натпревар во историјата на првенството еден играч да постигне дабл-дабл учинок со 60 поени и 20 скока, а воедно и прв од 13.884 одиграни натпревари еден тим да се врати од пет негатива на 35 или помалку секунди преостанати за игра.

.

Двоецот на Бостон, Џејлен Браун и Џејсон Тејтум комбинираше 77 поени во победата над Хјустон со 126-102, а нов одигрчен натпревар одигра и Никола Јокиќ кој реализираше 20 поени, 11 асистенции и 9 скока во победата на Денвер од 106-113 против Сакраменто.

Во останатите натпревари:

Орландо – Лејкерс 110-129
Вашингтон – Филаделфија 116-111
Индијана – Атланта 129-114
Торонто – Клиперс 113-124
Мемфис – Феникс 108-125
Оклахома – Сан Антонио 130-114
Голден Стејт – Шарлот 110-105

Се вчитува...