Никогаш досадно со Барселона ќе речат нејзините фанови. Каталонците во епски натпревар против Гранда се спасија од бездната и озбезбедија пласман во полуфиналето од Копа дел Реј. Избраниците на Роналд Куман славеа по продолженија со 3-5, а домаќините можат да жалат бидејќи на минута до крајот на регуларниот дел имаа водство од 2-0 со головите на Кенеди и Солдадо, но тогаш на сцена стапија неверојатните Каталонци.
Прво, Антоан Гризман во 89. намали на 1-2, а три минути подоцна Алба успеа да го одведе мечот во продолженија. Гризман во 100. минута донесе водство од 2-3, но само три минути подоцна домаќините преку Феде од пенал повторно се вратија во мечот. Френки де Јонг во 108. минута повторно донесе предност за каталонскиот тим, а победата ја запечати Жорди Алба во 113. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

